ПОВЕЌЕ

    Промени од половина денар: дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

    Време зa читање: 2 минути

    Дизелот поевтинува, а бензините поскапуваат согласно новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика за малопродажните цени на нафтените деривати, кои во просек се пониски за 0,27 отсто.

    Веднаш по полноќ Еуродизелот БС (Д-Е V), чијашто цена паѓа за 0,50 денари, ќе се продава по 80 денари за литар. Бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 поскапуваат за по половина  денар, па нивните нови максимални цени ќе изнесуваат 84,50 денари, односно 86,50 денари за литар.

    Цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) останува непроменета и ќе се продава за 79,50 денари за литар.

    Поевтинува и мазутот М-1 НС – цената се намалува за 0,796 денари по килограм, па по ново ќе чини 41,495 денари за килограм.

    Според РКЕ, на светските пазари референтните цени на дериватите во изминатиот пресметковен период бележат намалување – кај бензините за 0,243 проценти, кај дизелот за 2,183 проценти, кај екстра лесното масло за 1,907 проценти, а кај мазутот за 4,388 проценти. Воедно, курсот на денарот во однос на американскиот долар е повисок за 1,5132 насто, што делумно го ублажило ефектот од поевтинувањето на светските берзи.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично