Со задоволство објавуваме дека Благоја Устијаноски официјално ја презеде функцијата член на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје. Со ова назначување, Управниот одбор продолжува да работи во проширен состав од пет членови, дополнително зајакнувајќи ги капацитетите за реализација на стратешките приоритети и понатамошниот развој на Банката. Во својата нова улога, Благоја Устијаноски ќе биде одговорен за Дирекцијата за корпоративни клиенти и Дирекцијата за тргување и финансиски пазари, се вели во објавата на Шпаркасе Банка АД Скопје.Со повеќе од 15 години искуство во банкарскиот сектор и успешна кариера во Охридска Банка АД Скопје (Société Générale Group), по присоединувањето со Шпаркасе Банка АД Скопје во 2021 година станува Директор на Секторот за корпоративни клиенти. Во текот на изминатите години даде значаен придонес во растот и развојот на корпоративното портфолио, зајакнувањето на односите со клиентите и понатамошното позиционирање на Банката на пазарот, истакнуваат од Банката.
Ова назначување е уште една потврда на нашата посветеност кон препознавање, развој и унапредување на талентите од сопствените редови. Веруваме дека неговото искуство, лидерство и визија ќе придонесат за натамошен раст, иновации и успешно остварување на стратешките цели на Банката.
Му честитаме на Благоја Устијаноски и му посакуваме многу успех во новата улога, стои на крајот на објавата на Шпаркасе Банка АД Скопје.
Аналитика








