Куба најави длабоки економски реформи со кои значително ќе се прошири улогата на приватниот сектор, како дел од обидите за справување со долготрајната економска криза и американските санкции. Земјата ќе го следи примерот на социјалистичките пазарни модели на Кина и Виетнам.
Претседателот Мигел Дијаз-Канел соопшти дека промените имаат цел да ги надминат противречностите меѓу централното планирање и економските поттикнувања, со што би се забрзало закрепнувањето на стопанството и би се привлекле инвестиции.
Реформите предвидуваат отворање на досега ограничени дејности за приватниот сектор, промени во земјоделството и темелно преструктуирање на државниот апарат, но сè уште чекаат одобрување од Политбирото на Комунистичката партија и парламентот.
Во услови на засилен притисок од нови американски санкции и долгогодишни економски ограничувања, Хавана се обидува да воспостави пофлексибилен модел за економски развој.
(Фото: Magnific)
Аналитика








