ПОВЕЌЕ

    Бизнисот поткрепен со 230 милиони евра – унгарскиот заем пред целосна реализација

    Време зa читање: < 1 минутa

    Преку кредитната линија обезбедена од Унгарската експорт-импорт банка досега се пласирани 14,1 милијарда денари или 230 милиони евра во домашната економија. Од вкупно предвидените 250 милиони евра, тоа претставува реализација од 92 отсто.

    Последниот трансфер, извршен кон Развојната банка на крајот од минатиот месец, изнесува 131 милион денари (2,1 милион евра), соопшти Министерството за финансии. Средствата се наменети за финансирање инвестиции на домашни компании преку поволни кредитни услови.

    До крајните корисници средствата се пласираат преку деловните банки, со каматна стапка од 1,95 насто, рок на отплата до 15 години и со грејс период до три години.

    Вкупната кредитна линија изнесува 250 милиони евра, додека целиот инвестициски циклус што се очекува да се активира преку овие средства се проценува на околу 300 милиони евра.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично