Помал трошок за возачите на дизел возилата. Овој вид гориво од денес е поевтино за 6,5 денари по литар. Цената за оваа недела е 85,50 денари. Тоа е и најголемата промена што ја донесе последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика.
Истовремено, бензините бележат минимално зголемување од по 0,50 денари за литар. Еуросупер БС-95 веќе се точи по 88 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 се продава за 90 денари по литар.
Пониска е и цената на екстра лесното масло за домаќинство – 87,50 денари за литар, како и на мазутот М-1 НС, кој е намален за 3,238 денари по килограм и чини 47,906 денари.
Од Регулаторната комисија за енергетика појаснуваат дека корекциите се резултат на движењата на светските берзи на нафта и нафтени деривати, како и на валутните промени.
Аналитика








