ПОВЕЌЕ

    ТИТАН Усје одбележа две години од „Иноваториум“ – едукативен центар за развој на дигитални и инженерски вештини кај младите

    Време зa читање: 3 минути

     

    ТИТАН Усје денес го одбележа двегодишниот јубилеј на едукативниот центар „Иноваториум – Клуб на напредни знаења и вештини“, преку кој учениците од основните училишта стекнуваат практични знаења и вештини од областа на 3Д моделирањето, 3Д печатењето, роботиката и инженерството.

    На завршниот настан од втората година од програмата за 3Д печатење присуствуваа повеќе од 500 ученици од осум основни училишта од Општина Аеродром, директорите на училиштата, професорите, претставници од Општина Аеродром, Технолошко Металуршкиот Факултет и партнери на проектот.

    Обраќајќи се пред присутните, главниот извршен директор Константинос Николаоу истакна дека програмата претставува значајна инвестиција во знаењето, љубопитноста и потенцијалот на младите генерации.

    На настанот пред присутните се обрати техничкиот директор Љупчо Дончев, коj истакна дека преку обуките за 3Д печатење во „Иноваториум“ , учениците имаа можност да се запознаат со 3Д печатење, роботика и основи на инженерство, но уште поважно – да учат преку истражување, експериментирање и создавање.

    „Во ера на дигитализација, многу е важно на младите да им понудиме и можности за стекнување на дополнителни вештини и навики, покрај оние што ги добиваат во училиштата. Кога го формиравме „Иноваториумот“ нашата цел беше да креираме простор преку кој ќе поттикнеме поголема мотивација и градење на интерес кон СТЕМ науките кај учениците и основните училишта од овој дел на градот. Особено ни е драго што оваа година обуките ги проширивме и во Општина Аеродром, каде беа вклучени 524  ученици. Со програмата минатата година беа опфатени основните училишта од Општина Кисела Вода со учество на повеќе од 200 ученици. Ова е силна потврда дека младите имаат голема желба да учат, да истражуваат и да се запознаваат со современи технологии“, истакна Љупчо Дончев.

    Во реализацијата на програмата, партнери на ТИТАН Усје се Технолошко-металуршки факултет, локалната самоуправа и училиштата, а од компанијата посочуваат дека токму ваквите партнерства се клучни за создавање подобри можности за младите.

    ТИТАН Усје повеќе од 70 години е дел од заедницата, а преку програмата „Партнерство со училиштата“, која се реализира од 2009 година, компанијата континуирано инвестира во подобри услови за учење и развој на учениците.

    На крајот од настанот, учениците добија признанија за успешно завршените обуки, а од компанијата упатија порака младите да продолжат да истражуваат, да поставуваат прашања и да создаваат, бидејќи токму тие се иднината.

    „Иноваториум – клуб на напредни знаења и вештини“ е лоциран во кругот на ТИТАН УСЈЕ, а за учениците е обезбеден и автобуски превоз. Дел од капацитетите на „Иноваториумот“  и научните помагала се ставени на располагање на сите наставници по математика, физика и хемија од општинските училишта, со што ќе можат да го користат и во текот на редовната настава.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично