ПОВЕЌЕ

    Никица Мојсоска Блажевски: Дијаспората сака и да инвестира и да се врати дома, но бара сигурност од државата

    Време зa читање: 3 минути

    Македонската дијаспора е заинтересирана за инвестиции во Татковината, но освен тоа што немаат доволно информации за можностите, бараат предвидливост и функционалност на институциите. За инвестирање се изјасниле 16 отсто од испитаниците, а дури 45 отсто изразиле подготвеност да се вратат дома – во анкетата што Македониј2025 ја спровела меѓу иселениците. Затоа, оваа организација направила веб-страница на која се застапени сите информации.

    „Направивме анкета во дијаспората и добивме над 1.500 одговори. Прво, велат, недостасуваат информации како да се инвестира, као да се отвори компанија или сметка во банка… Затоа направивме веб-страница за дијаспората која има огромен потенцијал и за индивидуалци што сакаат да се вратат во Македонија – како да пријавам место на живеење, како децата да ги запишам во градинка, меѓутоа и за компании и за тие што сакаат да отоворат бизнис и за тие што сакаат да инвестираат“, вели извршната директорка на Македонија2025, Никица Мојсоска Блажевски.

    Девизните дознаки овозможуваат да се намали дефицитот во платнот биланс, но повеќе се користат во потрошувачката. Главното прашање е како средствата од дијаспората да се употребат за инвестиции. Државата има поволни субвенции за дијаспората, но и тој податок е малку познат, вели Мојсоска Блажески:

    „Во Македонија има посебни поволности за инвестиции од дијаспората, субвенции од страна на Владата за кои многу малку се знае, и тоа како можност го промовираме. Од испитаниците, 45 проценти велат дека би сакале да се вратат, 16 проценти дека сакаат да инвестираат. Им недостасуваат информации и предвидливоост, но и посилни институции“.

    Со оглед на глобалните случувања, треба веднаш да се делува.

    „Поради актуелната геополитичка ситуација, сега е моментот да се делува и повеќе луѓе да се вратат од дијаспората и повеќе да инвестираат. Кога имате еднакви услови за инвестирање, ќе преовлада емоцијата. За да донесат одлука за инвестирање, не треба да бидеме многу полоши од било кое друго место. Сепак, ние треба да ја завршиме нашата домашна задача“, нагласи  извршната директорка на Македонија2025.

    За можностите на државата да привлече повеќе инвестииции и да го забрза економскиот се говори во рамките на 15. издание на Самитот на Македонија2025, кое се одржува под мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување на лидерство“. Целта е да се поттикнат конкретни разговори и партнерства за идниот развој на Македонија и на регионот.

    М.А.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично