ПОВЕЌЕ

    Зошто Македонија не остана без деривати?

    Време зa читање: 2 минути

    Додека дел од Европа стравуваше од недостиг на гориво и керозин поради кризата во Персискиот Залив, Македонија немаше редици на бензинските станици и ограничувања на точење гориво. Енергетскиот експерт Митко Андреевски смета дека клучната причина за тоа е присуството на грчки Хеленик Петролеум. Според него, дури 85 проценти од нафтените деривати во Македонија доаѓаат преку Грција. Тој објаснува дека токму грчките рафинерии и грчката флота за транспорт на нафта ѝ даваат стабилност на Македонија во време на глобална криза. Во поткастот „Каде се парите?“ со Горан Теменугов, Андреевски анализира зошто Македонија засега е заштитена од најлошите сценарија.

    „ Но, факт е дека ние немаме проблем со снабдувањето со нафта и нафтени деривати. На што се должи тоа? Ако го погледнете извештајот на Регулаторната комисија за енергетика, ќе видите дека најголем процент на нафта и нафтени деривати доаѓа преку Хеленик Петролеум…

    85% доаѓа од Грција. И тоа може би е една од придобивките да имате сосед кој што има рафинерии и кој што има излез на море…“

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично