
Македонија секоја година троши повеќе од една милијарда евра за увоз на нафтени деривати. Енергетскиот експерт Митко Андреевски смета дека државата мора агресивно да ја стимулира електрификацијата на возниот парк и производството на домашна електрична енергија. Тој предупредува дека минусните цени на струјата може да ги обесхрабрат инвестициите во фотоволтаици, па затоа предлага државата да гарантира минимална цена за производителите. Според него, токму електричните возила можат да станат двигател на новата потрошувачка на домашно произведена струја. Во поткастот „Каде се парите?“ со Горан Теменугов, Андреевски објаснува кои три мерки веднаш би ги вовел во македонската енергетика.
„Првиот приоритет е производството на електрична енергија дома…
Ние треба да донесеме што поголем број на инвеститори, вклучително домашни, вклучително граѓани кои што на своите кровови ќе имаат фотоволтаици за производство на електрична енергија.
Второто, ЕСМ да направи партнерство со граѓаните и со индустријата. Што значи тоа партнерство со граѓаните и со индустријата? Кога првата мерка ќе ја спроведете, делот од граѓаните не сакаат да инвестирате ако имате минусни цени. Но, тука ЕСМ може да понуди и да каже, да, јас гарантирам дека под 20 евра вашата струја нема да биде за да ви ја зачуваме инвестицијата и да може да си ги вратите средствата земени од банките како кредити…
Третата мерка е оваа со автомобилите.“
Аналитика








