ПОВЕЌЕ

    ЕОС повторно во панелот на ЕК за лоши кредити – потврда за улогата на финансиските пазари во Европа и Македонија

    Време зa читање: 3 минути

    Групацијата ЕОС, која е присутна на 25 европски пазари и има над 50 години искуство во управување со нефункционални кредити, повторно е избрана за член на Советодавниот панел за NPL на Европската комисија. Со тоа се потврдува нејзината долгогодишна улога во развојот на секундарните пазари за долгови и креирањето на европските политики во оваа област. Реизборот има значење и за македонскиот финансиски сектор, каде што ЕОС Матрикс Македонија се позиционира како една од најактивните компании во управувањето со нефункционални побарувања.

    Станува збор за експертско тело формирано во 2021 година, кое дава стручни препораки и насоки за регулативата и функционирањето на пазарот на нефункционални кредити во Европа. ЕОС е дел од панелот од неговото основање, а новиот мандат значи продолжување на континуираното учество во креирањето на европските политики во овој сегмент.

    „Горди сме што повторно сме именувани во овој значаен советодавен панел и што имаме можност да придонесеме во креирањето на политики кои го унапредуваат функционирањето на секундарните пазари за нефункционални кредити во Европа“, изјави Фреда Штокфлет, виш потпретседател за корпоративно право во Групацијата ЕОС.

    ЕОС Матрикс Македонија, како дел од меѓународната групација, активно придонесува за намалување на нефункционалните кредити во банкарскиот систем, со што се овозможува ослободување на капитал и негово пренасочување кон кредитирање на компании и граѓани. Компанијата досега има инвестирано околу 35 милиони евра и управува со портфолио вредно приближно 300 милиони евра.

    „Управувањето со нефункционалните пласмани е комплексен процес кој бара прецизна анализа, проценка на вредноста на портфолијата и преземање на ризикот при наплата. Нашиот пристап се базира на утврдување на реалната вредност на побарувањата и нивниот потенцијал, со што обезбедуваме ефикасно управување со ризикот и придонесуваме за стабилноста на финансискиот систем. Развојот на секундарниот пазар има директно влијание врз економскиот раст, бидејќи овозможува банките да го зголемат кредитирањето кон компаниите и граѓаните. ЕОС Матрикс Македонија работи согласно највисоките европски стандарди и регулативи, применувајќи принципи на транспарентност, фер третман и одговорна комуникација со корисниците, со фокус на одржливи решенија за наплата“, истакна главната извршна директорка на ЕОС Матрикс за Македонија и Косово, Катерина Бошевска.

    Од компанијата посочуваат дека развојот на секундарниот пазар во Македонија бара натамошно усогласување на регулативата со европските директиви. Според нив, потребно е ново и сеопфатно законско решение кое ќе ги опфати принципите на транспарентност, заштита на потрошувачите, јасни правила за управување со побарувањата и механизми за реструктурирање, инсолвентност и извршување.

     

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично