
Пред само неколку години струјата на европските берзи во „пикот“ достигнуваше и до 1.000 евра за мегаватчас. Денес, во одредени часови, производителите плаќаат некој да ја преземе електричната енергија. Енергетскиот експерт Митко Андреевски објаснува дека масовната изградба на фотоволтаици создава хиперпродукција на струја во одредени делови од денот. Тој предупредува дека ова не е изолиран случај, туку тренд што ќе се повторува во пролетните и летните месеци. Во поткастот „Каде се парите?“ со Горан Теменугов, Андреевски открива како Македонија купувала струја со негативна цена и зошто ова отвора сериозна дебата за иднината на инвестициите во обновливи извори на енергија.
„Таков е примерот за 1 и 2 мај. Имено, за првпат државата распиша аукција, односно купување на електрична енергија, проценувајќи, и тоа е за пофалба, проценувајќи дека во тој момент на пазарот ќе има негативни цени за електрична енергија. Што значи негативна цена? Негативна цена значи дека производителот од икс – ипсилон причини е спречен или е принуден да не ја исклучи електраната, мора таа електрична енергија да ја даде во системот и при тоа, тој систем нема потрошувачи во тие два дена кои да потрошат… Тогаш почнува на берзата негативна аукција за да ја преземе таа електрична енергија.“
Аналитика








