ПОВЕЌЕ

    Стопанска банка Скопје: Нов четиригодишен мандат за Милица Чапаровска – Јовановска

    Време зa читање: < 1 минутa

    На Милица Чапаровска – Јовановска ѝ доверен нов четиригодишен мандат во кој ќе ја извршува функцијата генерален директор за банкарство на мало и член на Управниот одбор на Стопанска банка Скопје. Одлуката за реизбор, донесена во февруари, се официјализира со согласноста добиена од Народната банка.

    „Стопанска банка АД – Скопје ја информира јавноста дека согласно Одлуката за повторно именување од страна на Надзорниот одбор бр. 10/2026 од 6.2.2026 година и добиената согласност односно Решението на Извршниот одбор на Народна банка на Република Северна Македонија бр. 15-4890/6 од 23.04.2026 година (примено на 24.4.2026 година) г-ѓа Милица Чапаровска – Јовановска се именува за Генерален директор за банкарство на мало и член на Управен одбор на Банката, со мандат од 4 години“, се вели во информацијата објавена на Македонска берза.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично