ПОВЕЌЕ

    Признание „Жена водилка“ за Златица Цивкароски, член на Управниот одбор на Шпаркасе Банка

    Време зa читање: 3 минути

    Членката на Управниот одбор на Шпаркасе Банка, Златица Цивкароски, е добитничка на признанието „Жена водилка“, доделено на јубилејната 30-та манифестација „Избор на најуспешни жени менаџери“, во организација на Агенција „Марили“.

    Признанието ѝ е доделено за долгогодишно успешно управување и значаен придонес во деловната заедница, како потврда за нејзината професионална посветеност, лидерство и континуиран придонес во развојот на банкарскиот сектор. Воедно, признанието ја истакнува и нејзината активна поддршка на женското претприемништво и економското јакнење на заедницата.

    „Ова признание за мене има длабоко лично значење – не го гледам само како професионален успех, туку како приказна составена од многу мали, понекогаш тешки, но важни моменти во изминатите дваесет години. Секој предизвик, секоја одлука и секој човек што бил дел од овој пат оставиле трага и ме обликувале во она што сум денес. Верувам дека вистинската вредност не е само во резултатите, туку во континуитетот што го одржуваме, во начинот на кој ги постигнуваме и во влијанието што го оставаме зад себе. Особено ми значи што ова признание доаѓа во контекст на поддршка на женското лидерство, затоа што верувам дека кога жените имаат простор да растат и да се поддржуваат, тие создаваат промени што се чувствуваат многу пошироко од бизнисот“, изјави Цивкароски.

    Со јубилејното издание, Агенција „Марили“ одбележа 30 години од проектите „Бизнис каталог на Македонија“ и „Избор на најуспешни жени менаџери“, чија цел е афирмација на успешните деловни приказни и промоција на придонесот на жените во македонската економија.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично