Халк банка ќе го зголеми акционерскиот капитал за дополнителни 40 милиони евра. Од Комисијата за хартии од вредност доби дозвола за издавање на 246 илјади обични акции по пат на приватна понуда. Наменети се за познат купувач – за институционален инвеститор, кој воедно е и акционер, Халк банка А.Ш. Турција од Истанбул.
Цената, и номинална и продажна, изнесува 10 илјади денари за акција. Оттаму и вкупната вредност на 22-та емисија од 2,46 милијарди денари.
„Зголемувањето на основната главнина со нови парични влогови се врши за познат купувач – институционалниот инвеститор што наедно е и акционер на Банката – Халк банка А.Ш. Турција од Истанбул, Р. Турција.
Халк Банка АД Скопје издава нови акции поради зголемување на капиталот и обезбедување оптимална адекватност на капиталот во наредниот период“, наведено е во објавата на КХВ.
Аналитика








