ПОВЕЌЕ

    Од утре – примена на првиот унифициран национален ЕСГ прашалник за компаниите

    Време зa читање: 2 минути

    Преку ESG Комисијата при Македонската банкарска асоцијација, со  решение од Македонско кредитно биро, изработен е првиот унифициран национален ESG Прашалник наменет за сите компании во државата, кој ќе се применува од утре.

    Овој Прашалник претставува значаен чекор кон усогласување со современите стандарди за одржливост и унапредување на транспарентноста во деловното работење. Неговата цел е да обезбеди поедноставен, структуриран и ефикасен процес за прибирање и споделување на ESG информации со банките, со што се овозможува подобра проценка на ризиците, поддршка на одржлив раст и олеснет пристап до финансии.

    Клучни карактеристики на Прашалникот се: единствен и стандардизиран модел применлив за сите банки еднократно, годишно пополнување од страна на компаниите, користење на онлајн платформа за доставување и обработка на податоци, поттикнување на доверба, транспарентност и одржливи деловни практики.

    Со воведувањето на овој национален инструмент, деловната заедница прави значаен исчекор кон подобро управување со ESG аспектите и нивно интегрирање во секојдневното работење.

    Прашалникот е целосно подготвен за примена и ќе се користи усогласено од страна на сите банки, што претставува важен придонес кон унапредување на одржливото финансирање и зголемување на квалитетот и усогласеноста во финансискиот систем во земјата, информираат од МБА

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично