Инвеститорите од денес можат да вложуваат во две нови обврзници издадени од Министерството за финансии, кои за наплата ќе стасаат во 2041 година, а носат каматни стапки од 4,85, односно 5,1 насто. Во моментот, државата побарува од домашните кредитори вкупно 1,19 милијарди денари или 19,4 милиони евра.
Емисијата вредна 949,15 милиони денари (15,4 милиони евра) содржи 94.915 државни обврзници. За нив е утврдена повисоката стапка од 5,1 насто. Имаат шифра на тргување – M260341.
За разлика од првата која е без, втората е со девизна клаузула. Издадени се 24.531 обврзница во вкупна вредност од 245,31 милион денари (4 милиони евра), кои за вложените пари обезбедуваат камата од 4,85 насто. Нивната шифра на тргување е M260341D.
И двата вида државни обврзници се издадени на 26 март, а датумот на достасување е 26 март 2041 година.
Аналитика








