ПОВЕЌЕ

    АЛТА БАНКА СО СЕРИОЗНО КАДРОВСКО ЈАКНЕЊЕ сигурно и стабилно се позиционира на банкарскиот пазар

    Време зa читање: 3 минути

    Со силен стратешки настап и јасна визија, АЛТА банка АД Битола се позиционира како препознатлив фактор на стабилност и напредок во македонскиот банкарски сектор.

    Клучен момент во нејзиниот развој претставува 16 октомври 2025 година, кога Стопанска банка АД Битола официјално стана дел од АЛТА групацијата. Со тоа, АЛТА банка АД Битола се приклучи кон модерна и динамична финансиска групација со седиште во Белград. Како една од водечките групации во областа на платниот промет и дигиталните решенија во регионот, АЛТА носи нова енергија, знаење и технолошка експертиза, што директно се одразува на квалитетот и модернизацијата на услугите на македонскиот пазар.

    ЈАКНЕЊЕ НА УПРАВУВАЧКАТА СТРУКТУРА

    Со цел унапредување на корпоративното управување, АЛТА банка формираше силен и кредибилен Надзорен одбор, составен од реномирани професионалци од регионот. Со новото кадровско јакнење, Банката покажува сериозен и стратешки пристап кон своето позиционирање на македонскиот банкарски пазар.

    Во согласност со одлуката на Собранието на акционери и добиените согласности од Народната банка на Република Северна Македонија, за членови на Надзорниот одбор со мандат од четири години се именувани: Давор Мацура, дипломиран економист и сопственик на ALTA Group DOO Белград и индиректен краен сопственик на АЛТА банка АД Белград; Уна Сикимиќ, претседател на Извршниот одбор на АЛТА банка Белград; Татјана Куљак, дипломиран економист и член на Извршниот одбор на АЛТА банка Белград; како и двајца истакнати универзитетски професори како независни членови – Вељко Мијушковиќ, професор на Економскиот факултет во Белград, и Горан Коевски, професор на Правниот факултет во Скопје.

    Претседател на Извршниот одбор е Александра Радевска, која успешно ја водеше Банката во изминатите три години и со своето знаење, посветеност и континуирани резултати даде значаен придонес во успешното работење и развојот на Банката.

    Со цел понатамошно унапредување на извршното раководство, господинот Зарије Коралија, со повеќе од 20 години професионално искуство во банкарскиот сектор, е именуван за нов член на Извршниот одбор на Банката. Неговата професионалност, интегритет и способност за донесување одлуки во сложени услови претставуваат значаен придонес за стабилно и одговорно управување со Банката. Со богато искуство во управување со тимови, развој на продажни стратегии и анализа на финансиски показатели, ќе придонесе за квалитетна и одговорна работа на Извршниот одбор. Неговата способност за разбирање на корпоративното управување и прилагодување кон динамичните пазарни и регулаторни услови претставува значајна вредност за Банката и нејзиниот понатамошен развој. Со оваа одлука, Банката продолжува да ја зајакнува својата управувачка структура и да обезбедува континуитет во успешното работење.

    ПОВОЛНИ УСЛОВИ ЗА КРЕДИТИРАЊЕ ВО СОГЛАСНОСТ СО ПОТРЕБИТЕ НА КЛИЕНТИТЕ

    Во фокусот на Банката се и новите производи и услуги, меѓу кои се издвојуваат модерни потрошувачки кредити со поволни услови, креирани согласно потребите на современите клиенти. Во план е развој на нови производи кои ќе бидат значително прилагодени на клиентите, со фокус на унапредено корисничко искуство.

    АЛТА банка, како дел од поширока и стабилна финансиска групација, испраќа силен сигнал на сигурност, доверба и долгорочна визија.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично