ПОВЕЌЕ

    МЕДИЦИНСКИОТ КАНАБИС ЌЕ БИДЕ ПОД ПОГОЛЕМА КОНТРОЛА – ДАЛИ ЌЕ ИМА ОГРАНИЧУВАЊА? – Азир Алиу во поткастот „Каде се парите?“

    Време зa читање: 2 минути

    Индустријата за медицински канабис во Македонија беше најавуван како нова економска можност, но во изминатиот период се појавија сомнежи за злоупотреби, слабости во контролите и сериозен институционален хаос. Министерот за здравство Азир Алиу во поткастот „Каде се парите?“ вели дека пристапот на владата не е да го забрани овој бизнис, туку да воведе правила што ќе важат за сите. Според него, ќе мора да се смени правната рамка, да се зголемат човечките капацитети и да се дигитализира целиот процес, за да може да опстанат само оние што работат по закон. Алиу тврди дека државата не смее да бега од проблемот со воведување забрани, туку да изгради систем што ќе овозможи и контрола и развој на индустријата.

    „Пристапот на оваа влада и на ова министерство не е забрана, имате потполно право кога велите, најлесно е да забраните. И од аспект на сајбер секјурити, најлесно е да немате интернет, да немате ништо и да кажете ние сме сега сигурни.

    Не е тој пристапот, тенденцијата не е да забраниме, туку тенденцијата е да направиме правила кои што ги следиме сите. Ние како држава ќе бидеме спокојни дека сѐ се имплементира според Закон, бизнисите ќе бидат спокојни дека работат според Закон и на крајот на денот ќе профитираат и бизнисите во државата, но и државата ќе им овозможи на тие бизниси да функционираат.“

    Следете нè и притиснете „subscribe

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично