ПОВЕЌЕ

    ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА ОД ПУШЕЊЕ НЕ Е ЗАБРАНА, ТУКУ МЕРКА ЗА ЗАШТИТА НА ЗДРАВЈЕТО – Азир Алиу во поткастот „Каде се парите?“

    Време зa читање: 2 минути

    Законот за заштита од пушење предизвика реакции од тутунската индустрија и дел од бизнис заедницата, но министерот за здравство Азир Алиу уверува дека неговата цел е заштита на здравјето на граѓаните. Во поткастот „Каде се парите?“ тој објаснува што содржи Законот, кога може да почне неговата примена и како ќе се спроведува на терен. Алиу вели дека новиот текст не е правен канцелариски, туку по консултации и анализи, за да не се загрозат бизнисите, а сепак да се воспостават јасни правила. Клучот, според него, не е само да се донесе Закон, туку да има и реална имплементација, инспекциски надзор и можност граѓаните самите да пријавуваат непочитување.

    „Законот предвидува во сите затворени простори, во сите бизниси, во сите јавни институции, ќе биде строго забрането и цигари и сите комбинации на модерни цигари. Исто така во надворешниот дел, на сите јавни институции, минимум 20 метра треба од влезот да е забрането пушењето. Минимум 20 метра од влезот може да се постави знак дека може да се пуши….

    …Понатаму, исто така, дефинираме активности кои што се поврзуваат со имплементација. Тука веќе нема еден инспекторат, туку ќе им дадеме можност повеќе надлежни институции да можат да проверуваат дали се пуши или не се пуши во одредена институција или во одреден простор. Исто така, ќе имаме софтверско решение, како што спомнав, за да може интеракција да имаме и со граѓаните.“

    Следете нè и притиснете „subscribe

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично