
Бизнис секторот во Македонија често се соочува со административни бариери кои го забавуваат растот и инвестициите. Кирил Миноски во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ посочува дека наместо институциите да бидат сервис на компаниите, тие често стануваат пречка. Компаниите трошат време и ресурси на процедури наместо на развој, што директно ја намалува конкурентноста на економијата. Според него, потребна е промена на пристапот – од контрола кон поддршка.
„Мене ми е јасно како функционира општеството, како функционира системот, дека имаме партиски, непотистички влијанија, меѓутоа, доколку ја сакаме оваа држава, доколку сакаме да градиме одржлив систем, неопходно е да ги примениме овие практики каде што квалитетот, знаењето, ќе бидат пред се. На тој начин ќе ги стимулираме, ќе го стимулираме она општествено движење од доле нагоре, што е клучно и во економијата, и во општеството“
Аналитика








