
Дали државата ги гуши малите бизниси со даноци?
Зошто Македонија станува сѐ позависна од увозот на струја?
Дали е возможно да станеме енергетски независна држава?
И дали економскиот модел што го градиме води кон развој или кон нови кризи?
Во новата епизода на поткастот „Каде се парите?“ со Горан Теменугов, гостува поранешниот министер за финансии Кирил Миноски, кој исто така беше директор на Државниот пазарен инспекторат и на Управата за јавни приходи.
Миноски, исто така има богато искуство во приватниот сектор и со консултантските услуги. Ова ќе биде интересен разговор на многу теми. Гледајте нѐ.
Аналитика








