ПОВЕЌЕ

    КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ ГО ПРОДОЛЖУВААТ ДЕНОТ: Земјата ја забавува ротацијата поради топењето на глечерите и намалувањето на половите

    Време зa читање: 3 минути

    Зголемувањето на нивото на морето ја забавува ротацијата на Земјата, продолжувајќи го времетраењето на еден просечен ден. А сегашната стапка на зголемување на еден просечен ден – 1,33 дополнителни милисекунди на век – е без преседан барем во последните 3,6 милиони години, открива нова студија.

    Повеќето луѓе земаат здраво за готово дека еден ден ќе трае 24 часа, ниту секунда повеќе или помалку. Но, во реалноста, должината на кој било ден варира од различни причини, вклучувајќи ја гравитационата привлечност на Месечината врз планетата и геофизичките процеси во внатрешноста на Земјата и на нејзината површина, како и атмосферските услови.

    Како што пренесува Сајантифик Американ, се очекува климатските промени да имаат поголемо влијание врз должината на денот отколку Месечината до крајот на овој век, цитирајќи го Бенедикт Соја, главен автор на студијата и геофизичар во Швајцарскиот федерален институт за технологија во Цирих.

    „Иако промените се само милисекунди, тие можат да предизвикаат проблеми во многу области, на пример во прецизната вселенска навигација, што бара точни информации за ротацијата на Земјата“, рече тој во соопштението.

    Истражувачите зад новата студија претходно открија дека климатските промени влијаат врз должината на денот, бидејќи зголемувањето на нивото на океаните – предизвикано од топењето на глечерите и намалувањето на поларните ледени покривки – влијае на ротацијата на Земјата.

    Забавувањето е поврзано со распределбата на масата што некогаш се држела на половите кон средината на планетата. Во изјавата, водечкиот автор на студијата и геонаучник од Универзитетот во Виена, Мостафа Киани Шахванди, го спореди ефектот со „уметнички лизгач кој се врти побавно откако ќе ги истегне рацете и побрзо откако ќе ги држи рацете блиску до телото“.

    Во новиот труд, објавен во Journal of Geophysical Research: Solid Earth, истражувачите покажуваат дека стапката на зголемување на должината на денот е поголема сега отколку што била милиони години. Истражувачите го анализирале хемискиот состав на фосилите за да заклучат промени на нивото на морето во текот на изминатите 3,6 милиони години. Потоа ги пресметале соодветните промени во должината на денот. Користејќи веројатносен алгоритам за длабоко учење за подобро моделирање на физиката на промената на нивото на морето, тие откриле дека, како што се формирал и топел мразот на планетата, должината на денот флуктуирала во иста мера. Но, денешната стапка на зголемување на должината на денот е отстапување, според студијата.

    „Само еднаш – пред околу 2 милиони години – стапката на промена на должината на денот била речиси споредлива, но никогаш пред или потоа планетарната „уметничка лизгачка“ не ги кренала рацете и нивото на морето толку брзо како во 2000 до 2020 година“, рече Киани Шахванди.

    (Фото: DLR German Aerospace Center)

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично