Аеродромот „Св. Апостол Павле крај Охрид од денес е поврзан со уште една европска дестинација. Воспоставен е директен лет до главниот град на Словачка, Братислава. А, веќе од 29 март во функција ќе биде авиолинијата Охрид-Милано, објави министерот за транспорт Александар Николоски.
„Овие авиолинии значат нови туристи во Охрид и повеќе можности за зајакнување на економијата.
Развојот на авиосообраќајот претставува еден од врвните приоритети на Владата и Министерството за транспорт. Преку конкретни политики и мерки, континуирано работиме на унапредување на цивилниот авиосообраќај, со што овозможивме значително проширување на мрежата на дестинации.
Остануваме силно посветена на унапредување на авиосообраќајот заради развојот и поврзување на Македонија со големите центри“, порача Николоски преку статусот на Фејсбук.
Аналитика








