ПОВЕЌЕ

    Не е до брашното, до квасецот е – „Жито Полог“ во загуба од 880 илјади евра

    Време зa читање: 2 минути

    Негативни се ефектите од минатогодишното работење на „Жито Полог“ од Тетово. Приходите се намалија речиси за половина, додека трошоците останаа високи. Резултат: загуба од 881,4 илјади евра во 2025 година, што со оглед на претходната состојба со профит од 179,7 илјади евра, претставува влошување од околу 590 проценти.

    Пад бележат и оперативните приходи. Тие се намалени од 4,8 милиони евра во 2024 година на 2,8 милиони евра во 2025 година, односно за 41,7 проценти. Во тие рамки, приливите од продажбата се пониски за 26,9 проценти и изнесуваат 2,7 милиони евра. За споредба, преклани биле постигнати 3,7 милиони евра. Притоа, најголем пад има кај извозот. Приходите од продажба на странски пазар се намалени од 450,5 илјади евра на само 31,9 илјади евра. Разликата се мери со минус 92,9 проценти. И приходите од домашниот пазар се во опаѓање, за 17,7 проценти, или од 3,2 милиони на 2,7 милиони евра.

    Од друга страна, и оперативните расходи се намалени, но не го следат темпото на приходите. Тие изнесуваат 3,6 милиони евра, односно пониски се за 19,5 проценти споредено со сумата од 4,4 милиони евра забележана во 2024 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично