ПОВЕЌЕ

    Мицкоски бара трговците да се воздржат од поскапувања – утре средба со претставници на супермаркетите

    Време зa читање: 2 минути

    Состојбата не треба да се користи за поскапување на производите и за префрлање на притисокот врз потрошувачите, вели премиерот Христијан Мицкоски. Притоа, најави дека за утре е закажана средба со претставници на трговските синџири.

    „Во текот на утрешниот ден ќе имам состанок и со ланците супермаркети, хипермаркети. Сакам со нив да поразговарам да не се користи сега овој притисок и веднаш да се зголемат цените и притисокот да се префрли врз потрошувачката кошница на граѓаните. За да не мораме ние како Влада да преземаме друг тип на офанзивни мерки“, рече Мицкоски.

    Исто така, нагласи дека однесувањето на трговците е под надзор.

    „Комисијата за заштита на конкуренцијата и Државниот пазарен инспекторат ќе го следат однесувањето на трговците на производи на мало и на големо. Врз основа на нивното однесување така и Владата ќе се однесува. Така што очекуваме и тие да имаат фер однос кон граѓаните, за да и ние како Влада бидеме фер кон нив, односно заеднички во овие моменти да го заштитиме стандардот на граѓаните, бидејќи тоа претставува наша цел и приоритет во моментов“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично