ПОВЕЌЕ

    Домот „Оаза“ во Илинден го екипира стручниот тим: се бараат негуватели и медицински сестри

    Време зa читање: 2 минути

    Новиот комплекс за грижа за стари лица „Оаза“, инвестиција на Адора Бизнис Груп во Општина Илинден, се екипира пред приемот на првите станари и веќе објави огласи за вработување медицински кадар. Установата има потреба од негуватели и негувателки, медицински сестри и медицински техничари со лиценца, кои ќе бидат дел од професионалниот персонал.

    Негувателите ќе имаат задача да обезбедуваат секојдневна грижа и поддршка на лицата што ќе бидат згрижени во „Оаза“, да помагаат во нивните секојдневни активности и да соработуваат со медицинскиот тим. Од кандидатите се очекува професионален пристап, одговорност и посветеност во работата со стари лица.

    Медицинските сестри и техничари ќе бидат задолжени за следење на здравствената состојба на корисниците, спроведување терапија и обезбедување континуирана здравствена грижа во соработка со лекар и останатиот персонал. Работата бара професионален однос и високо ниво на одговорност.

    Претходното искуство во работа со повозрасни лица ќе се смета за дополнителна предност. Заинтересираните кандидати можат да се пријават на телефон 071 372 624 или на е-пошта [email protected].

    Домот за стари лица, лоциран во близина на Скопје, располага со сместувачки капацитет за повеќе од 200 лица. За нив ќе се грижи стручен персонал од околу 60 вработени. Комплексот треба да понуди современи услови за сместување и грижа за постарите лица, со услуги што вклучуваат медицинска и здравствена заштита, исхрана, рекреација, спорт, забава и релаксација.

    Комплексот за стари лица е изграден по универзална, докажана, стандардизирана методологија за висококвалитетна, стабилна, современа и внимателно осмислена градба на брендот Адора. Целта е да се обезбеди згрижување, нега и достоинствена долговечна старост на возрасните лица, со висок квалитет на сместување и врвни услуги по современите европски стандарди за овој вид установи. ПУСЗ „Оаза“ се најавува како најмодерен и најубав дом за стари лица на Балканот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично