
Во услови на либерализиран пазар на електрична енергија, компаниите имаат можност самостојно да изберат снабдувач и директно да влијаат врз своите трошоци за струја. Разликата не е симболична – во одредени случаи, заштедата може да достигне и до 40%.
Но, за да се разбере вистинската разлика, потребно е да се разгледа структурата на самата сметка.
Секоја сметка за електрична енергија ги содржи следните ставки: надоместок за потрошена електрична енергија, надоместок за дистрибуција на енергијата („мрежарина“), фиксен надомест за пристап до мрежата, ДДВ, комунална такса за јавно осветлување.
Важно е да се нагласи дека сите надоместоци поврзани со мрежата и останатите давачки се регулирани од страна на Регулаторната комисија за енергетика и се еднакви, без разлика кој е снабдувачот.
Разликата се создава кај главната ставка – трошокот за потрошената електрична енергија.
Од каде доаѓа разликата? Предноста на ЕДС, која е членка на PPC Group, најголемата енергетска компанија во Југоисточна Европа, во однос на другите снабдувачи лежи во големината, оптимизацијата и регионалната инфраструктура. ЕДС секојдневно купува значителни количини електрична енергија, што овозможува оптимален енергетски дијаграм на балансната група и пониски трошоци за балансирање. Благодарение на големото портфолио и ефикасното управување, трошоците за отстапување се сведени на минимум. Компаниите добиваат гарантирана цена, што овозможува финансиска стабилност и подобро планирање.
Во современото деловно окружување, струјата повеќе не е само оперативен трошок – таа е стратешка категорија.
Паметниот избор на снабдувач значи контрола врз трошоците, предвидливост и директна финансиска заштеда што може да се пренасочи кон инвестиции и развој. А, бројките покажуваат дека разликата не е мала – таа е мерлива и значајна.
Аналитика








