ПОВЕЌЕ

    BE NEXT 3 УТРЕ ВО СКОПЈЕ: Првиот сертифициран Sandler тренер од регионот гостин на конференцијата

    Време зa читање: 2 минути

    Третото издание на бизнис-конференцијата Be Next, која годинава повторно ги обединува претприемачите, сопствениците на компании и продажните професионалци на едно место, ќе се одржи утре (28 февруари) во DoubleTree by Hilton Skopje. Иако релативно млад настан, Be Next во својата трета година веќе се позиционира како платформа за сериозни разговори за систем, структура и одговорност во продажбата.

    Централно име на конференцијата е Драган Војводиќ, еден од најпрепознатливите sales тренери на Балканот и официјален претставник на Sandler Training за регионот. Тој е првиот сертифициран Sandler тренер од Балканот и работи според методологија која се применува во повеќе од 300 тренинг-центри во над 30 земји во светот.

    Кариерата на Војводиќ започнува во корпоративниот сектор, каде работи во компании како Porsche, Volvo и Raiffeisen Bank, пред да ја насочи својата енергија кон развој на продажни тимови и имплементација на структуриран продажен систем. Со повеќе од 20 години искуство, неговиот пристап комбинира психологија на однесување, дисциплина во процесот и јасни, мерливи чекори во секоја фаза од продажбата.

    Sandler методологијата, која тој ја претставува, се темели на рамноправен однос меѓу продавачот и купувачот, поставување јасни очекувања, квалификација пред презентација и елиминирање на „бркањето клиенти“. Наместо притисок и агресивни техники на затворање, фокусот е ставен на структуриран процес, точни прашања и градење долгорочни односи. Војводиќ често нагласува дека најголемиот проблем во компаниите не е пазарот, туку начинот на размислување на сопствениците, интуитивно водење на бизнис наместо системски пристап.

    Според него, искуството само по себе не носи вредност доколку не е поддржано со знаење и континуирано учење.

    Вредноста доаѓа од резултат и раст, не од бројот на години во бизнис“, е став што го повторува во своите настапи. Неговиот концепт ја третира професионалната продажба како ментална и концептуелна дисциплина, а не како збир на трикови.

    Be Next 3 е наменета за претприемачи, сопственици на мали и средни компании, продажни тимови и лидери кои сакаат да изградат стабилен и предвидлив продажен модел.

    Организаторите информираат дека интересот е голем и дека останати се уште само четири билети, поради што во тек е последниот повик за пријавување.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично