
Дилемата што ја има јавноста дали новиот ЕЕS – Exit/Entry System (влез – излез систем на ЕУ) е „одложен“ и дека граѓаните нема да даваат биометриски податоци на граница, Викторија Трајков, заменик министерката за европски прашања во поткастот „Каде се парите?“, појаснува дека системот не е одложен, туку стартува во земјите кои што се подготвени за него. Постои само флексибилност/грејс период до септември за оние членки на ЕУ кои што не се целосно подготвени за EES. Клучното за граѓаните е дека на првата граница каде што се влегува во земја на ЕУ, а има функционален EES – ќе бидат фотографирани, односно ќе се помине низ процесот што го предвидува системот.
„ВТ: Ако одите до Хрватска конкретно, да ќе бидете сликани затоа што тие гранични премини кои што треба да ги поминете се опремени со EES – систем.
ГТ: А во Грција ако одам на пример?
ВТ: Исто.
ГТ: Иако има грејс период до септември, сепак ќе мора да ме сликнат и да застанат? “
ВТ: Да, ќе ве сликаат и тоа не е долг процедурата и не значи тоа дека кој знае колку треба да чекате“
Следете нè и притиснете „subscribe“
Аналитика








