ПОВЕЌЕ

    Стопанска банка Скопје: Калуптси реименувана за генерален директор за трансформација и стратегија

    Време зa читање: < 1 минутa

    На Евангелија Калуптси и е доверен нов четиригодишен мандат на позицијата генерален директор за трансформација и стратегија и член на Управниот одбор на Стопанска банка Скопје.

    „Стопанска банка АД – Скопје ја информира јавноста дека согласно одлуката за именување од страна на Надзорниот одбор и добиената согласност односно Решението на Извршниот одбор на Народна банка на Република Северна Македонија, г-ѓа Евангелија Калуптси повторно се именува за Генерален директор за трансформација и стратегија и член на Управен одбор на Банката, со мандат од 4 години“, наведено е во објавата споделена од Банката.

    Калуптси, која зад себе има повеќе од 24 години искуство во финанскиски сектор, во Стопанска банка Скопје е од 2024 година. Член на највисокото раководно тело е од минатата година, а тогаш првпат беше именувана и за генерален директор за трансформација и стратегија.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично