
Законот за пушење повторно е во центарот на дебатите. Во поткастот „Каде се парите?“, заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески рече дека шансите за релаксација на предлогот се „50 – 50“, но дека мора да се почитуваат европските директиви и јавното здравје. До Министерството пристигнале забелешки од угостителите, кои предлагаат фазна примена – информативен период, имплементација од 12 до 36 месеци и посебни услови за објекти без храна со добра вентилација. Контролата ќе ја врши Државниот пазарен инспекторат, а Ристески потенцира дека без ефективна контрола, ниеден закон не може да функционира.
„Шансите се 50 – 50. 50 – 50. Секоја почит кон пушачите, како категорија на луѓе, секој има свое лично право да пуши цигари или не, меѓутоа пушењето, за разлика од други пороци, е загрозување на општото здравје на сите кои се присутни на одреден простор. Тоа треба да го земеме во предвид и доколку е европска директива, треба да ги почитуваме европските директиви, односно постепено прилагодување на државата на сите европски стандарди.“
Следете нè и притиснете „subscribe“
Аналитика








