ПОВЕЌЕ

    ЗАКОН ЗА НЕФЕР ТРГОВСКИ ПРАКТИКИ: Ќе се казнуваат и дистрибутерите – Марјан Ристески во поткастот „Каде се парите?“

    Време зa читање: 2 минути

    По 14 месеци примена на Законот за нефер трговски практики, заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески во поткастот „Каде се парите?“ најави суштински измени годинава. Законот опфаќа 2.538 прехранбени производи и утврдува 27 нефер практики, со ограничување на работ од 10%, а не на маржата. Комисијата за заштита на конкуренцијата има оформено над 30 предмети и изречено околу 150.000 евра казни, но максималната казна од 20.000 евра ја оцени како мала. Затоа, ќе се оди на десеткратно зголемување – до 200.000 евра – а клучната новина е дека казни нема да има само за маркетите, туку и за дистрибутерите ако учествуваат во заобиколување на Законот.

    „Меѓутоа уште една новина ќе ви откријам. Размислуваме да во казнената политика воведеме казни и за добавувачите. Зошто казни за добавувачите? Затоа што да не потклекнуваат на притисоците од маркетите, него да ги пријавуваат. Вака, игра играат маркетите, меѓутоа некои од добавувачите му ја прифаќаат играта. И кога му ја прифаќаат играта, на крајот плаќа купувачот, граѓанинот. Не смееме тоа  да го дозволиме, кога ќе има казни за добавувачите, тие ќе размислат доколку ги уценува некој дали би го направиле тоа, кога имаат можност и тие да бидат казнети….

    Следете нè и притиснете „subscribe

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично