Во понеделник, 16 февруари, ТТК банка ќе изврши исплата на главницата и на годишната камата за корпоративната обврзница од втората емисија (ИСИН MKTTKS2000; шифра TTKO2). Каматната стапка е 2,7 проценти на годишно ниво.
„Право на исплата на главница и камата имаат лицата кои се регистрирани во книгата на иматели на Корпоративна обврзница – втора емисија на издавачот ТТК Банка АД Скопје во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје заклучно со 13.02.2026 година“, се вели во известувањето упатено до имателите на овие обврзници.
Аналитика








