Довербата е клучен фактор за секој успех, порача министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, откко синоќа беше реизбрана за член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Со статус објавен на социјалните мрежи му се заблагодари на лидерот Христијан Мицкоски за дадената можноста повторно да е дел од највисокото партиско раководство.
„Чест ми е што ќе продолжам со сиот свој труд, знаење и кредибилитет да придонесувам кон заедничката цел – а тоа е Македонија да биде подобро место за живеење за секој граѓанин, во секоја смисла. Тоа е она за што деноноќно работиме и во што неприкосновено веруваме“, наведува Димитриеска-Кочоска.
Во продолжение додава: „Ова е време на силни и мудри одлуки, на цврсти чекори за уште поголеми победи! Тоа е единствениот пат од кој нема да се откажеме“.
Аналитика








