ПОВЕЌЕ

    Дански капитал во скопските новоградби: што значи тоа за цената на квадратот?

    Време зa читање: < 1 минутa

    Македонскиот пазар на недвижности влегува во фокусот на странски инвестициски фондови, потврди гувернерот на Народната банка, Трајко Славески. Според неговите информации, еден дански фонд веќе купил околу 40 стана во новоградба во централното градско подрачје на Скопје, како дел од инвестициска стратегија ориентирана кон недвижности.

    Дали становите ќе се издаваат или ќе се чуваат како „замрзнат капитал“ засега не е познато, но Славески предупреди дека ваквите вложувања се базираат на очекување за понатамошен раст на цените – очекување кое не е загарантирано. Експертите укажуваат дека при забавување на економијата или промена на пазарните услови, инвеститорите може да се соочат со ризик, и покрај досегашниот силен раст на цените на станбениот квадрат.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично