Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец, додека во споредба со јануари 2025 година се повисоки за 3,4 проценти. Единствено поевтинеле ноќевањата – за 12,3 отсто.
Во 2025 година, а во однос на 2024 година, цените во угостителството пораснале за 4,8 проценти.
Месечните движења, пак, се умерени, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Споредено со декември, јануарските цени се зголемени за 0,2 проценти.
Јануарскиот раст главно е придвижен од храната, со поскапување од 0,3 насто, и од алкохолните пијалаци, каде што е забележан раст од 0,2 насто во однос на декември. Кај безалкохолните пијалаци и ноќевањата нема промени на цените на месечно ниво.
Аналитика








