Од денес на Македонска берза може да се тргува со нови државни обврзници, заведени под шифрата M020128. Се работи за емисија на 610.055 обврзници без девизна клаузула, со вкупна вредност од 6.100.550.000 денари, односно 99,2 милиони евра.
„Ве известуваме дека согласно барањето од страна на Министерството за финансии на Република Македонија за котација на државни обврзници, почнувајќи од 06.02.2026 година на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација државните обврзници…“, наведено е во берзанското соопштение.
За потенцијалните инвеститори е утврдена каматна стапка од 4,2 насто. Обврзниците се издадени на почетокот од неделава, на 2 февруари. По две години – во 2028, на истиот датум ќе достасаат за наплата.
Аналитика








