ПОВЕЌЕ

    ЦАРИНИ ВО ЈАНУАРИ 2026: Пад од над 3% поради блокади и неработни денови – Бобан Николовски за „Каде се парите?“

    Време зa читање: < 1 минутa

    Иако во Буџетот за 2026 година се предвидува раст на царинските приходи, јануари започна со потфрлање од над 3%. Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски кој гостува во поткастот „Каде се парите?“ посочи дека овој пад не е резултат на системски проблем, туку на повеќе конкретни фактори: голем број неработни денови, блокади и отежнат проток на граничните премини, како и намален увоз кај одредени чувствителни тарифни групи. Тој нагласува дека ваквиот старт на годината мора да се гледа во контекст, а не изолирано.

    „Ние сме минус 3,2% помалку со вкупни приходи. Само 3,2%. Тоа се седум дена пауза, како да не работи увозот во Република Македонија. Имаше делумен увоз, не велам дека скроз застана, меѓутоа пет дена затворени граници протест и два дена помалку од работа… Меѓутоа, ако ги компарираме работните денови во јануари со истиот број на работни денови во минатиот јануари, ние сме некаде на 4,5% повеќе наплата, дневно гледано.“

    Следете нè и притиснете „subscribe

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично