ПОВЕЌЕ

    ЗАИНТЕРЕСИРАНИ СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ ИМА, одлука кој ќе ги гради Чебрен и Галиште Владата ќе донесе за два месеца, вели Божиновска

    Време зa читање: 2 минути

    „Владата ќе процени дали за проектот за изградба на Чебрен и Галиште  ќе се оди со странски инвеститори или тоа ќе биде проект кој самите како држава ќе го реализираме, истакна министерката за енергетика, Сања Божиновска на денешната прес-конференција во Министерството за енергетика и рударство, откако го презентираше амбициозниот Годишен план за изградба на енергетски објекти на Владата. Во наредните еден-два месеца ќе се знае како ќе проектот за се реализира проектот за Чебрен и Галиште – дали ќе биде целосно државна инвестиција или ќе се реализира преку јавно-приватно партнерство.

    „Се согласувам дека најдобро е проектот да биде наш, но кога ќе ги погледнеме буџетот и капиталните инвестиции, ќе видиме што е реално. Станува збор за над милијарда евра во пет години – тоа не е малку. Паралелно, има здравство, транспорт и други приоритети. Мислам дека во наредните еден-два месеца ќе имаме повеќе информации, рече Божиновска на прес-конференцијата, одговарајќи на новинарски прашања.

    Таа истакна и дека веќе има заинтересирани компании, наведувајќи една јапонска и една француска. „Како што знаете, буџетот не е во најдобра состојба и Владата треба да направи проценка што е најдоброто решение за државата“, рече Божиновска, за која, како што самата истакна, проектот Чебрен и Галиште останува и натаму „најкапиталниот проект во државава“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично