На Македонска берза се тргува со две нови државни обврзници. Преку нив домашните инвеститори ќе ја финансираат државата со 4.173.600.000 денари, односно со 67,86 милиони евра.
Емисијата на петгодишната државна обврзница опфаќа 94.045 хартии од вредност, во вкупен износ од 940.450.000 денари (15,3 милиони евра). Издадени се на 22 јануари, од страна на Министерството за финансии, па датумот на достасување е 22 јануари 2031 година. За вложените средства следува камата од 4,35 насто.
Вредноста на другата емисија е 3.233.150.000 денари или 52,6 милиони евра. Издадени се 323.315 обврзници, кои обезбедуваат каматна стапка од 5,1 насто. За наплата ќе достасаат по 15 години, на 22 јануари 2041 година.
Номиналната вредност на државните обврзници е 10 илјади денари, а и двете се без девизна клаузула.
Аналитика








