
Во услови кога меѓународните правила сè помалку се почитуваат, малите држави како Македонија се наоѓаат во особено чувствителна позиција, вели универзитетскиот професор Александар Спасов во „Каде се парите?“. Според него, државите со ограничена политичка, економска и безбедносна моќ мора внимателно да ги следат глобалните процеси и да избегнуваат избрзани одлуки. Спасов посочува дека периодите кога нема јасен светски поредок историски се најризични за земјите кои немаат можност сами да ги заштитат своите интереси.
„И се создава ова што вие го кажавте, еден период на меѓувладение или сега би кажал подобро во моментов, анархија една, која што е особено опасна за малите играчи, односно за малите држави, и тука сосема добро го идентификувате проблемот. Само да кажам една работа, не престана да постои системот заснован на правила, туку не функционира онака како што функционира, јасно е дека се менува. Во која насока ќе се промени, како ќе изгледа меѓународниот поредок во иднина, би било доста неодговорно денеска да зборуваме во детали, од денешна перспектива, меѓутоа можеме да зборуваме за некои првични индикации“
Следете нè и притиснете „subscribe“
Аналитика








