ПОВЕЌЕ

    Јосифовски купил 104 акции, сега поседува 3,4 отсто од „Макпетрол“

    Време зa читање: 2 минути

    Андреја Јосифовски се стекнал со 104 обични акции од „Макпетрол“. Претседателот на Управен одбор, кој со децении ја предводи компанијата, во моментот поседува 3,4 отсто од акционерскиот капитал.

    Информацијата за реализирани трансакции со акции од страна на лица во органи на управување и надзор, „Макпетрол“ ја сподели со инвеститорската јавност преку Македонска берза. Наведено е дека Јосифовски со акциите се стекнал во два наврати. Прво купил 57, а потоа уште 47 акции.

    Во истиот период на Берзата се евидентирани и блок-трансакции со вкупно 123 акции, по цена од 110 илјади денари, но од достапните податоци не може со сигурност да се утврди дека се поврзани со Јосифовски. Регистрираните три блок-трансакции се извршани од 22 до 26 месецов.

    Првата трансакција (22 јануари) е изведена со 29 акции, за кои се платени 3.190.000 денари (околу 51,9 илјади евра). Еден ден подоцна, забележан е промет од 6.270.000 денари (101,9 илјади евра) направен со купување на 57 акции. Бројката се совпаѓа со таа од објавата на „Макпетрол“. Третиот блок со датум од 26 јануари содржи 37 акции во износ од 4.070.000 денари (66,2 илјади евра). Или, преку трите блок-трансакции, во акции на компанијата – дистрибутер на горива се вложени вкупно 220 илјади евра.

    Акцијата на „Макпетрол“ е меѓу етте најтргувани на официјалниот пазар. Во текот на вчерашниот ден биле истргувани девет акции, просечната цена изнесувала 110.111,11 денари, а дневниот промет 991 илјада денари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично