КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, лидер на пазарот на пензиско осигурување во земјава, објави оглас за вработување на стручен соработник за продажба, нудејќи стабилна кариера, долгорочна перспектива и можности за професионален развој.
Работното време е 40 часа неделно, од понеделник до петок, а висината на платата и останатите услови ќе бидат предмет на договор. Предвидени се и месечни и годишни бонуси, во зависност од остварените продажни резултати.
Како што се наведува во огласот, избраниот кандидат ќе биде задолжен за продажба и промоција на задолжително и доброволно пензиско осигурување, претставување на друштвото на терен, контактирање потенцијални клиенти, закажување состаноци, склучување договори за членство и професионални пензиски шеми, како и одржување долгорочни односи со постојните членови. Во описот на работните обврски е вклучена и подготовка на извештаи за сите продажни активности, согласно потребите на друштвото.
Од кандидатите се бара минимум средно образование (општествена, економска, правна или сродна насока), како и возачка дозвола Б категорија. Претходно искуство во продажба или во финансиски институции ќе се смета за предност, а се очекуваат и развиени комуникациски вештини, познавање на MS Office, лична одговорност, интегритет и подготвеност за континуирано учење и професионално усовршување.
За вршење работи од областа на маркетинг и продажба на пензиски фондови, потребна е лиценца од МАПАС – Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување. Кандидатите кои ќе бидат избрани дополнително ќе бидат информирани за начинот и условите за полагање на испитот за агент.
Од друштвото информираат дека само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју, при што го задржуваат правото да не ангажираат ниту еден кандидат од пријавените.
Заинтересираните можат да ја достават својата биографија на електронската адреса [email protected], најдоцна до 6 февруари 2026 година, а за дополнителни информации на располагање е и телефонскиот број 02/3243-777.
КБ Прво пензиско друштво нуди флексибилна и пријатна работна средина, како и можности за дополнителна обука и професионална надградба, со цел градење стабилна и долгорочна кариера во секторот на пензиското осигурување, наведено е во огласот.
Аналитика








