Инвеститорите ќе можат на странските пазари да вршат купопродажба на акции преку Халк Банка. Дозвола за таа активност Банката доби од Комисијата за хартии од вредност.
„Откако констатира дека се исполнети условите, КХВ на Халк Банка АД Скопје и даде согласност да извршува нова услуга со хартии од вредност: прием и пренос на налози за купување и продавање на хартии од вредност на странски пазари на хартии од вредност“, објавија од КХВ по одржаната 76. седница.
Услугите поврзани со хартии од вредност Халк Банка ги врши од јули 2024 година, кога стана овластен учесник на пазарот на капитал.
Аналитика








