ПОВЕЌЕ

    MINT Финтек Групација со над 3 милиони денари поддршка за заедницата во 2025 година

    Време зa читање: 3 минути

    Со повеќе од 3.000.000 денари вложени во спорт, култура, образование и хуманитарни иницијативи, MINT Финтек Групација во 2025 година ја потврди својата заложба за активна и долгорочна општествена одговорност.

    Во текот на изминатата година, групацијата реализираше и поддржа бројни активности насочени кон локалната заедница, спортските клубови, културните и образовните проекти, како и кон директна помош за ранливи категории граѓани.

    Општествена одговорност во оваа комапнија е дел од мисијата.

    “Во 2025 година, MINT Финтек Групација ја потврди својата определба дека успехот не се мери само во раст, резултати и технологии, туку и во одговорноста кон заедницата во која живееме и работиме.”- истакна Никола Јошевски генерален директор на МИНТ Финтек Групација.

    Со вкупна поддршка од над 3.000.000 денари, групацијата реализираше и поддржа бројни активности од областа на спортот, културата, образованието и хуманитарните иницијативи, оставајќи конкретен и мерлив придонес таму каде што е најпотребен.

    “Нашата поддршка опфати: локални и национални спортски клубови и спортски настани, хуманитарни акции и директна помош за поединци и семејства, културни и образовни проекти што го зајакнуваат заедничкиот идентитет, иницијативи насочени кон деца, млади и ранливи категории, поддршка на локални организации, институции и граѓански здруженија. За нас, општествената одговорност не е еднократен гест, ниту формална обврска. Таа е континуиран процес, изграден врз внимателно следење на реалните потреби на заедницата и на луѓето со кои секојдневно сме во контакт. Веруваме дека компанија што гради доверба мора истовремено да гради и човечност, солидарност и долгорочна вредност. Затоа, зад секоја поддржана иницијатива стои јасна намера: да се направи разлика што се чувствува, а не само што се забележува.” – додаде Јошевски на почетокот на годината на традиционалната средба со целиот тим од Минт кој брои повеќе од сто вработени во триесет канцеларии низ Македонија.

    Во 2026 година, MINT Финтек Групација продолжува со истата визија, да расте одговорно, да делува свесно и да остане партнер на заедницата, не само на пазарот.

    ПР Објава

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично