
Со нето-вредност од 29,4 милијарди денари или 477,6 милиони евра го заокружиле декември отворените инвестициски фондови. Во текот на последниот месец од минатата година, со не многу голема процентуална разлика во движењата кај приливите и одливите на средства, постигнато е зголемување од 3,05 насто во однос на ноември.
Вкупниот декемвриски прилив на средства во отворените инвести-циски фондови изнесува 44,33 милиони евра. Месечната промена покажува зголемување за 40 насто. За споредба, во ноември приливите изнесуваа 31,6 милиони евра.
За 31,4 насто се повисоки одливите во декември, при што износот е 30,95 милиони евра.
Позитивната нето-разлика меѓу приливите и одливите е 13,4 милиони евра, наведено е во декемврискиот извештај на Комисијата за хартии од вредност.
Во 2025 година храбрите инвеститори победија: Кој инвестициски фонд донесе троцифрен принос?
Што се однесува до годишната промена, нето-вредноста на отворените инвестициски фондови е зголемена 35,3 насто или за 124,6 милиони евра. Во декември 2024 година вредноста беше 353 милиони евра.
Аналитика








