ПОВЕЌЕ

    Зголемена продажба, инвестиции и нови вработувања – Бизнис планот на Алкалоид за 2026 година

    Време зa читање: 2 минути

    Повисоки постигнувања во однос на претходните резултати проектира Алкалоид за наредната 2026 година. Бизнис планот предвидува активности што ќе обезбедат за 7 насто повисоки консолидирани продажби и ниво од околу 361 милион евра. Остварувањата ќе произлезат од домашниот и од странските пазари во сооднос 34 спрема 66 проценти. Во тие рамки, според очекувањата, 91 отсто од консолидираните продажби ќе ги реализира профитниот центар Фармација, а 9 отсто Хемија, козметика и билкарство.

    Крајниот ефект од планираните деловни зафати е – консолидираната добивка треба да се зголеми за осум насто (пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата -EBITDA). Консолидираната нето-добивка е предвидена со раст од најмалку 7 насто во однос на очекуваната за годинава.

    И идната година најголемата и најуспешна фармацевтска компанија ќе инвестира во својот развој. Бизнис-планот за 2026 година предвидува да бидат вложени околу 8 проценти од консолидираните приходи.

    „Посветеноста на постојан раст и развој и следењето на трендовите и на најновите достигнувања во сферата на фармацијата се главните причини поради кои во изминатите две децении Алкалоид АД Скопје се задржа на курсот на континуирано инвестирање, вложувајќи повеќе од 250 милиони евра“, посочуваат од компанијата.

    Паралелно со тоа интензивно се работи на истражување и развој. И во оваа област е зацртан раст од најмалку 10 насто, со цел натамошна модернизација на генеричкото портфолио, дополнето со

    Алкалоид кој се вбројува меѓу најпосакуваните работодавачи, планира идната година колективот да го зголеми со вработување на нови 50 лица.

    Воедно, компанијата работи во согласност со ESG-принципите. Како што е посочено, одговорноста спрема животната средина и заедницата се составен дел од секојдневието на секој од вработените, па затоа ESG-сегментот и натаму ќе се проширува и ќе се интензивира.

    Алкалоид успешно опстојува девет децении. Има пет капитално поврзани друштва во државата. Исто така и 22 капитално поврзани друштва и две претставништва во странство: Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Бугарија, Турција, Украина, Руската Федерација, САД, Велика Британија, Романија и Казахстан. Компанијата функционира со 2.200 вработени во и 800 надвор од Македонија.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично