Со нови 33 милиони евра ќе се задолжи државата кај домашните инвеститори. Од денес домашните инвеститори за камата од 4,5 проценти имаат можност да иннвестираат во нова државна обврзница, соопштија од Македонска берза.
Министерството за финансии на 19 декември издало 202.914 обврзници, а вредноста на емисијата е 2.029.140.000 денари. Се работи за двегодишни обврзници, па датумот на доспевање е на 19 декември 2027 година.
Меѓу карактеристиките е наведени дека овие хартии од вредност се без девизна клаузула (граѓанска обврзница). Нивната шифра на тргување е G191227.
Во една недела две државни обврзници издаде Министерството за финансии. Ова е втората, додека претходната од 125,3 милиони денари (два милиони евра) е со датум од 11 декември, а на пазарот излезе на 18 декември. Таа е 15-годишна, па затоа и носи повисока камата од 4,85 насто.
Аналитика








