ПОВЕЌЕ

    Научна студија: Пушачите кои истовремено користат цигари и алтернативи без чад имаат поголеми шанси да престанат да пушат

    Време зa читање: 3 минути

    Голема студија на Универзитетот „Квин Мери“ во Лондон откри дека пушачите кои истовремено користат обични цигари и алтернативи без чад, таканаречените дуални корисници, внесуваат значително помалку штетни материи и имаат поголема веројатност целосно да се откажат од пушењето во споредба со луѓето кои продолжуваат да користат само цигари. Овие резултати ја побиваат раширената претпоставка дека двојната употреба е контрапродуктивна.

    Истражувањето анализирало податоци од едногодишно клиничко испитување кое вклучило 886 возрасни пушачи, а резултатите се објавени во списанието „Истражувања за никотин и тутун“ (Nicotine & Tobacco Research). На учесниците им биле дадени алтернативи како поддршка во обидот да престанат со пушење.

    Студијата покажала дека пушачите кои продолжиле да пушат, но во исто време почнале да користат алтернативи, имале поголема веројатност целосно да се откажат од пушењето по четири недели, но и по една година, во споредба со пушачите кои користеле само цигари. Дури и меѓу оние испитаници кои не успеале целосно да се откажат од пушењето, дуалните корисници значително ја намалиле дневната потрошувачка на цигари, како и објективно мерливите нивоа на штетни материи од  чадот од тутун.

    Д-р Франческа Песола, еден од авторите на студијата вели дека алтернативите без чад се мост што им помага на пушачите кои не се во можност одеднаш да престанат со пушење.

    – Најдобро е пушачите целосно да се откажат од цигарите што е можно поскоро, бидејќи тоа е најбрзиот начин за да се намали ризикот од болести поврзани со пушењето. Сепак, нашето истражување покажува дека многу луѓе не успеваат нагло да се откажат од таа навика, дури и кога имаат силна мотивација – нагласува д-р Песола.

    Таа додава дека во вакви ситуации, алтернативите може да бидат корисни.

    – Гледаме дека дуалните корисници честопати спонтано го намалуваат бројот на цигари и внесот на штетни материи, иако можеби сѐ уште не се подготвени целосно да престанат. Ова е важен чекор напред што не треба да се потценува. Алтернативите им овозможуваат на луѓето постепено да ја преземат контролата врз пушењето, наместо да доживеат ненадеен и стресен прекин кој не можат да го издржат – објаснува д-р Песола.

    Професорот Питер Хајек, кој исто така е еден од авторите на студијата, нагласува дека дуалната употреба не е пречка, туку напротив, може да води до прекин на пушењето.

    – Постои мислење меѓу пушачите, но и меѓу здравствените работници, дека дуалната употреба е лоша стратегија и дека, доколку престанокот не се случи брзо, корисникот треба да престане да користи алтернативи. Но, податоците што ги добивме во ова истражување го покажуваат спротивното. Дуалната употреба всушност води до вистинско намалување на штетата – луѓето внесуваат помалку штетни материи и честопати спонтано го намалуваат бројот на цигари во текот на денот, што во пракса претставува важна преодна фаза кон целосно престанување – вели професорот Хајек и додава:

    – Алтернативите без чад не се пречка за престанок, на многумина тие им даваат дополнителна поддршка, ја намалуваат желбата за пушење и го прават процесот пореален. Во голем број случаи, токму дуалните корисници на крајот стануваат поранешни пушачи. Резултатите од оваа студија треба да го намалат стравот од „дуалните корисници“ и да поттикнат пофлексибилен пристап кон престанокот со пушење.

    ПР Објава

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично