Со нови два милиони евра се задолжува државата кај домашните кредитори. Од денес на Македонска берза котира нова државна обврзница, која за инвеститорите обезбедува камата од 4,85 проценти.
Емисијата издадена од Министерството за финансии содржи 12.530 државни обврзници со девизна клаузула, во вкупна вредност од 125,3 милиони денари. Нивниот номинален износ е 10 илјади денари.
Станува збор за 15-годишни обврзници. Издадени се на 11 месецов, а датумот на достасување е 11 декември 2040 година.
Аналитика








